Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир денеска напиша на Твитер дека „третпат во еден ден во Украина има воздушна тревога, а државата-терорист (Русија) веќе лансираше речиси 60 ракети и 100 ударни дронови“.
Таа нагласи дека „невозможно е да се навикнеш на вакви смртоносни напади, но Украина се бори“, додавајќи дека на земјата и се потребни системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони Ф16.
460.Сега по трет пат во еден ден во🇺🇦има воздушна тревога.државата-терорист🇷🇺веќе лансираше речиси 60ракети и 100 ударни дронови.Невозможно е да се навикнеш на вакви смртоносни напади.🇺🇦се бори.На🇺🇦ѝ требаат системи за противвоздушна одбрана и F16.#CloseUASkyNOW #StandWithUkraine pic.twitter.com/fA33GQF9EY
— Larysa Dir (@dir_larysa) May 29, 2023
Г. Т.