„Она што го ветивме во предизборието на теренските средби со граѓаните беше отчетно работење и транспарентност пред граѓаните и денеска тоа донесе резултати“, рече Горан Герасимовски градоначалникот на Општина Центар во гостување во емисијата „Во живо“ на МРТВ.
Прашан за извештајот од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој општината бележи скок од 11 места, оценувајќи ја отвореноста кон граѓаните, Герасимовски вели дека тоа се должи на доброто менаџирање во работењето.
„Со нашето добро менаџирање, со моето добро менаџирање, заедно со општинската администрација успеавме да скокнеме 11 скалила и верувам дека следните години ќе бидеме прва општина во делот на транспарентност и целосно реализирање на сите проекти преку слушање на гласот на граѓаните. Општина Центар е и прва од скопските општини која целосно отворено работи пред граѓаните и така ќе продолжи. Граѓаните и во иднина ќе бидат информирани со реализацијата на секој проект, јавен повик или реконструкција “, рече Герасимовски во МРТВ.
Во гостувањето на МРТВ, Герасимовски зборуваше и за тековните и идни проектите во образованието, ново формираното ТД „Енергија Центар“ како и за Иницијативата за конфискација на бесправно изградените објекти.