Агенцијата за странски инвестиции (Invest North Macedonia) основана во 2005 година е официјална владина агенција за инвестиции и промоција на извозот. Таа е одговорна за привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот на Република Северна Македонија. Нејзината мисија е да ги охрабри и поддржи новите странски директни инвестиции во земјата, да воспостави и да ја зајакне деловна соработка со локалните добавувачи и да го промовира извозниот потенцијал на локалните компании на странските пазари.
Во моментот на чело на Агенцијата е Газменд Абдија, кој само што се врати од форум во Абу Даби каде што се одржа Годишниот состанок на инвеститори и веднаш имаше неколку состаноци поврзани со можни инвестиции во нашата земја. Иако, кратко време е прв човек на институцијата, само два месеца, сепак тоа за него е доволно време за да ја потенцира важноста од привлекување на странските инвестиции и веднаш да започне со активности.
Абдија вели дека од преземањето на функцијата директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот заедно со неговиот тим посветено работат на примена на добрите практики и искуства во насока на реализација на примарната надлежност на Агенцијата, привлекувањето на странски инвестиции и поддршката за извозот.
Погледнете го целото интервју на Бриф на следниот линк.