„Во македонското Собрание сега е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат до целосна интеграција во ЕУ“, соопштија утрово од СДСМ.
„За тоа нашата држава има има силна поддршка од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД.
Пораките се многу јасни, имаме силна и недвосмислена поддршка и сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава.
Сега потребно е да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување.
Потребно е сите заедно да покажеме дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО.
Пораката од високите претставници на САД и ЕУ беше многу јасна: оние кои во нашата држава се против политиката на интеграција, нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери.
Затоа сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина“, додаваат утрово од Бихаќка.