ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Финансиската писменост во малите и средните претпријатија во земјава повисока од земјите во регионот

June 1, 2023 15:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на микро, малите и средните претпријатија е повисока од просекот на земји од регионот, покажува анализата за финансиската писменост во Југоисточна Европа спроведена лани од Организацијата за економска соработка и развој.

Највисоките оцени се остварени за компонентата финансиско однесување, потоа финансиските знаења и финансиските ставови, при што сите компоненти се малку над или на ниво на регионалниот просек.

– Во споредба со Г-20 земјите, просечната оценка за регионот е пониска за 7 п.п., што упатува на потребата од зајакнување на финансиските вештини и стратешки пристап за зголемување на финансиската писменост на менаџерите на ММСП, со цел да се зајакне долгорочната деловна отпорност на овие фирми. Споредбата на нашите резултати во однос на свесноста на ММСП за финансиски производи покажува дека свесноста на сопствениците и менаџерите на ММСП коишто користат кредити за финансирање на бизниси во нашата земја е повисока во споредба со региналниот просек, додека во останатите оценувани параметри-свесноста за финансирање со капитал и други видови на финансирање и свесноста за справување со ризици, оценките се малку пониски или соодветствуваат со резултатите во регионот. Наодите упатуваат на придобивките од натамошен развој на пазарот на капитал и алтернативните начини на финансирање, со цел проширување на финансиските опции за ММСП, нивните сопственици и менаџери, велат од Народната банка.

Во однос на дигитализацијата, просечната оценка е малку пониска во однос на регионот. Притоа, оценето е дека дигитализацијата на ММСП во регионот заостанува зад развиените земји, што упатува на потребата од понатамошно унапредување.

– Наодите и заклучоците во Извештајот нудат корисни докази за поддршка на понатамошната работа на финансиска едукација и финансиска инклузија на ММСП, во согласност со националната Стратегија. Ова би создало предуслови за подобрување на пристапот до финансии од страна на ММСП. Активностите во оваа сфера се очекува да придонесат за одржлив развој на овој сегмент и на економијата во целина, оценува Народната банка.

Извештајот бил презентиран вчера на средбата на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, на која присуствувал и претставник на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

На средбата било презентирано и искуството во Унгарија од примената на апликацијата за финансиска едукација „Learning-by-doing-financial education“, со што приватниот и граѓанскиот сектор.

Преку овие работни средби коишто се одржуваат два пати годишно се овозможува редовен дијалог меѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активностите за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Југоисточна ЕвропаМакедонијаФинансиска писменост
Next Post

Почнаа геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

СДСМ води во Центар, ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и повеќето скопски општини

October 19, 2025

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

October 19, 2025

Мисајловски: Некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 50 градоначалници

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk