ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Источниот дел на САД покриен со дебела маглива прекривка, многу активности откажани

June 9, 2023 12:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Штетниот за здравје воздух што ги покри градовите и населените места од североистокот на САД се концентрира во централниот атлантски дел на земјата, додека  димот од шумските пожари што уште беснеат во Канада натера милиони луѓе да се навикнуваат на магливото небо. Прогнозите се во наредните денови димот да се придвижи на југ.

Во градот Њујорк на пример небото е портокалово и не се гладе вообичаниот пејзаж на облакадори, исто толку лошо е и во Филаделфија, Балтимор, Вашингтон, и Ричмонд, Вирџинија.

Веќе трет ден по ред квалитетот на воздухот е оценет како штетен за здравје во поголем дел од североистокот а димот не се расејува, наведуваат метереолозите од Националната метереолошка служба на САД.

Условите со намалена видливост ги натераа авиокомпаниите да откажат повеќе летовите, а училиштата во Филаделфија и Балтимор да ги откажат сите активности на отворено. Во градот Њујорк пак, училиштата денеска ја оддржуваат наставата далечински.

Големата сокер лига (Major League Soccer) или лигата за професионален европски фудбал во САД, неделава откажа повеќе мечеви. Додека некои градови во Пенсилванија вработените во парковите ги испратија дома. Транспортните компании како железничката „Амтрак“ им раздаваат маски на своите вработени.

Чадот се чувствува од Масачусетс на север до Северна и Јужна Каролина на југ каде властите исто така повикаа на ограничување на активностите надвор. Прогнозите се дека смогот ќе се придвижи на југ, се очекува нарушен квалитет на воздухот во двете Каролини, делови од Џорџија, Тексас и Оклахома.

Лекарите препорачуваат ограничување на надворешните активности, но ако мора да се излезе, да се преземат соодветни мерки за безбедност како носење квалитетни и добро стегнати маски, да се пие многу вода и одложување на работи за два-три дена, ако тоа е возможно. Оние кои одат на работа со кола треба да ја вклучат климата на режим на циркулација на внатрешен воздух.

Специјалистите посочуваат дека критична група се повозрасните лица и они кои имаат постоечки заболувања, додека младата популација се смета за поотпорана на смогот.

Според AirNow, моментално најмалку 48 милиони луѓе живеат во регионите каде квалитетот на воздухот се оценува за штетен по здравје, а во некои делови на северистокот на САД тој е оценет на ниво 300, или „загаден“.

Во еден момент вчера квалитеот на воздухот  во Вашингтон стигна до нивото 236, што е мошне штетно по здравје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: загаден воздухСАДЧад
Next Post

Кој е за скара?

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk