ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зајкова: Не смееме да се плашиме да го кренеме гласот против нечовечните, тирански режими

June 9, 2023 12:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исправени сме пред новата мрачна реалност, секојдневни конфликти, нови жестоки воени жаришта и бранови на терористички напади, нуклеарни закани, сајбер војни, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот. Не смееме да дозволиме ваквите акти на агресија да бидат заборавени, рече Моника Зајкова за време на изложбата „Украина памети, светот препознава” по повод Меѓународниот ден за заштита на децата во организација на амбасадата на Украина.

– Имаме одговорност кон самите себе, кон граѓаните во сопствените држави а и кон сите луѓе ширум светот да ги преземеме сите можни превентивни мерки за ова зло да не биде повторено.

Им должиме на сите згаснати невини детски животи и на сите пролеани солзи за загубата на родители, деца и воопшто човечки животи да се сеќаваме на ваквите немили настани како своевиден потсетник за превисоката цена платена за да се научи животна лекција- Секој човечки живот е подеднакво вреден, независно дали зборуваме за Македонец, Албанец, Турчин, Украинец или припадник на било која држава и која било националност, рече таа..

Зајкова посочи дека на светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото и истото треба да го направат сите земји.

-Масовната глад во Советска Украина, или “гладоморот” уште нарекуван и “украински геноцид” или “украински холокауст”, се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, со жртви проценети на неколку милиони, рече Зајкова.

-Не смееме да се плашиме да го кренеме гласот против нечовечните, тирански режими кои како пред 90 години, така и денес се одговорни за убиството на милиони луѓе. Се сменија играчите, но играта и понатаму остана иста. Ништо не е променето освен името на диктаторот и начинот на убивање, рече таа.

Tags: ЗајковаЛДПУкраина
Next Post

Почина 47-годишната жена што беше тешко повредена во сообрајката во тунелот кај Демир Капија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk