Активистот и аналитичар Ацо Лукароски во објава на Фејсбук, вели дека „Најчевска се труди да биде Ванковска“.
„Најчевска вели: „Внесувањето на Бугарите во Уставот е гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија“.
Уште одамна напишав дека Најчевска се труди да биде ‘Ванковска’. Некои пријатели ми се налутија тогаш и ме критикуваа дека Најчевска не заслужила да пишувам против неа. Се случи во една прилика јавно да напишам дека не се согласувам со нејзиниот став. Следуваше блокада.
Со тоа Најчевска влезе во списокот на оние што ме имаат блокирано на социјалните мрежи: Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев, Гордана Силјановска Давкова, Биљана Ванковска, Антонио Милошоски, Мирјана Најчевска, Бранко Героски, Владимир Милчин и уште многу други „демократи“, пишува Лукароски.