ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама побара итно ослободување на косовските полицајци и порача Косово да не ја губи златната можност-планот за мир

June 16, 2023 14:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама побара од Србија итно ослободување на тројцата косовски полицајци, уапсени пред два дена.

– Постои итна потреба, неопходност, итност, тројцата косовски полицајци да се вратат дома. Надвор од тврдењата каде се фатени, овде или таму. КФОР нема да даде јавен заклучок туку ќе го поднесе соодветното досие во НАТО, јасно е дека тие не се вклучени во криминал, дури и ако се претпоставува дека ја поминале граничната линија, има само еден одговор, нивно враќање во Косово, рече Рама на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Орбан.

Прашан дали комуницирал со српскиот претседател Александер Вучиќ, Рама рече дека од сите страни се залага за ослободување на полицајците бидејќи тие не сториле никакво кривично дело.

– Она што можам да го кажам е тоа што го кажав, од првата секунда сме ангажирани од сите четири страни, на сите можни канали за ослободување на полицајците. Ова е важно на политичко ниво и на ниво на односи, но нема никаква важност за тројца мажи кои денес се далеку од својот дом и кои мора веднаш да се вратат. Важно е дека тие не можат да бидат приведени за прекршување на границите, тие мора да се вратат во своите домови. Тие немаат направено никакво злосторство дури и да бидат фатени на едната или другата страна, денес тие мора да си заминат дома, рече Рама.

Рама уште еднаш нагласи дека Косово има златна можност на маса, како што ја нарече, да заврши долгото и болно поглавје меѓу двете земји и предупреди дека „оваа можност можеби нема да биде вечна“.

– Заедничкото решение е решението што го нуди евроатлантската заедница со јасни и неподвижни точки како што гледате секојдневно. Она што е поважно за нашиот интерес е дека мирот е на маса, документот за договорот е на маса и историската можност е на маса да се затвори долгото и болно поглавје и да се направи Косово меѓународно признаена земја и од Србија. Ова е од голема важност, овие другите се производ на сосема непотребно отстапување од фокусот. Денеска евроатлантската заедница му даде златна можност на Косово и предлогот поддржан од ЕУ и САД е најдоброто нешто што може да му се случи на Косово, оцени Рама.

Според него „овој договор и оваа можност не се вели дека ќе ги има засекогаш“.

– Може да се сменат состојбите, динамиката и да влеземе во друго време во кое не можеме да имаме избор. Другите можат да бидат таблети за егзалтација за оние кои се идентификуваат како патриоти во имагинарни војни и носат разочарување и, далеку од тоа, губење можности, смета Рама.

Tags: косовските полицајциРамаслободување
Next Post

Николовски: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk