ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска Стојчевска: Честитки за мојот Битолски театар за победата на 57.МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

June 17, 2023 12:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, синоќа ја врачи наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола која е прогласена за најдобро уметничко остварување во целина на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Вечерта беше во знакот на наградените, кои годинава ги добија признанијата од меѓународно жири, а за најдобра претстава со вкупно пет награди беше прогласена претставата на Народниот театар од Битола „My Name is Medeja“.

Честитки за мојот Битолски театар за победата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за триумфот со кој битолскиот ансамбл го потврдува високиот квалитет и континуитет во својата работа. Искрено им честитам на наградените, за најдобра режија на Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога на Илина Чоревска, за најдобра музика за Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал на Сашо Илковски, со што потврдија дека моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава, изјави Костадиновска Стојчевска.

Во вечерта посветена на годинешните лауреати, таа им ги честиташе наградите на сите кои годинава оставија белег во натпреварувачката селекција, меѓу кои е екипата на скопскиот Драмски театар  и на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, која исто така освои пет награди, меѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизода за Емилија Мицевска.

Министерката ги поздрави и не помалку вредните остварувањата кои ги препозна меѓународното жири и за Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и за наградите што ги добија Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“, и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечена вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма в година.

Tags: 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во ПрилепБисера Костадиновска СтојчевскаБитолски театарнаградени
Next Post

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk