Јас да сум на црната листа на САД како човек кој што дел од своето образование го завршил таму, не што ќе си дадам оставка, туку и ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера, рече премиерот Димитар Ковачевски за црната листа на САД, на која се најде градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Премиерот информира дека не разговарал со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
-Ова потврди дека не можете да генерализирате дека не функционира цел еден систем или организација. Секоја институција е составена од поединци. Од основите за црна листа, институциите ќе лоцираат индивидувална одговорност кај други. Ако министер се најде на црна листа на нашиот најголем стратешки партнер, истиот тој министер ќе биде разрешен од моја страна. Сите индивидуални лица кои што се избрани од граѓаните, ќе мора да ги прашате нив. Мендух Тачи оди на избори и тој станал пратеник на гласање во 6-тата изборна единица. Морате да го прашате него за тој негов статус бидејќи тој со тоа што е ставен на црна листа, со тоа својство отишол на избори, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање за лидерот на ДПА, кој од поодамна е на црната американска листа.