ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Прва објава на Пригожин по неуспешниот бунт: Целта не беше соборување на Путин, туку да се избегне уништувањето на „Вагнер“

June 26, 2023 17:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на „Вагнер“, Јевгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по неуспешниот бунт, што тој го организираше во саботата, објави Би Би Си.

Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка група била принудена да престане да постои на 1 јули.

„Командантите на Вагнер мислеа дека ако потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој регуларната армија се покажа во акциите“, рече Пригожин.

Тој додаде дека некои борци одлучиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тоа е малцинство.

„Ние бевме категорично против тоа… но правевме план, планиравме да излеземе на 30 јуни во Ростов и јавно да ја пренесеме нашата опрема во близина на раководството на армијата. Сепак, и покрај тоа што не покажавме никаква агресија , бевме погодени. Во воздушниот напад загинаа 30 борци. Целта на нашата акција беше да го спречиме уништувањето на „Вагнер“ и да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија голем број грешки во текот на специјалната воена операција. За ова постоеше барање во јавноста“, рече меѓу другото првиот човек на „Вагнер“.

Тој нагласи дека целта на бунтот не била соборување на руското политичко раководство, туку да се повикаат на одговорност воените претставници, а походот на „Вагнер“ кон Москва покажува „сериозни безбедносни проблеми“ во Русија.

Пригожин истакна дека Вагнер жали „што морале да ја погодат руската авијација“ и дека се повлекле „за да не се пролее крвта на руските војници“.

„Целта на маршот беше да се избегне уништувањето на „Вагнер“ и да се повикаат на одговорност официјалните лица кои направија огромен број грешки со своите непрофесионални постапки“, рече тој.

Во својата аудио порака тој не ја откри својата локација.

Г. Т.

Tags: аудио поракабунтВагнерПригожинПутинРусијауништување
Next Post

Подољак: Ниту еден наследник на Путин не може да биде полош од него

НАЈНОВО

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk