ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: С. Македонија има значаен напредок во процесот на декарбонизација

June 30, 2023 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тепелена, Република Албанија учествуваше на неформален Министерски состанок на Енергетска заедница.

Со состанокот претседаваше Белинда Балуку, вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година.

На состанокот воведно обраќање имаа и Курт Вандерберг, генералниот директор на Директоратот за климатски активности (DG CLIMA), Мехтилд Ворсдерфер заменик -генерален директор на Директоратот за енергија(DG ENER) како и Артур Лорковски, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница,

На состанокот имаше дискусија за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со договорот за основање на Енергетската заедница.

Главен фокус помеѓу министерите за енергетика беа плановите и подготвеноста на енергетските системи на земјите членки за претстојната зима, а се разговараше и за имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница.

Министерот Бектеши во своето обраќање кажа дека политиките за енергија и клима во Северна Македонија се целосно усогласени и со европското законодавство и со Енергетската заедница. Потенцираше дека и покрај енергетската криза, Владата паралелно активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори

„Бидејќи повеќе од 70% од емисиите на стакленички гасови во Северна Македонија потекнуваат од енергетскиот сектор, декарбонизацијата е еден од главните столбови на националната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, Националниот план за енергија и клима (NECP), Долгорочната стратегија за климатска акција и засилените национално определени придонеси за климатските промени (NDC), сите усвоени во последните неколку години. Зависноста на земјата од увоз на природен гас, како и од повеќето горива, го прави сценариото за декарбонизација значително ранливо на превирањата на пазарите за јаглен, нафта, природен гас и електрична енергија, предизвикани од руската инвазија на Украина“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека како обрски кои ги има превземено Северна Македонија во делот на декарбонизација предвидуваат во наредниот период да за затворат термоелектраните Осломеј и Битола и со тоа да се стопира производството на електрична енергија од јаглен, да се зголеми учеството на обновливите извори во енергеткиот сектор, процес кој веќе е започнат со инвестиции во фотонапонски централи, како и намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.

„Северна Македонија постигна значителен напредок во декарбонизацијата и климатските активности во националните стратешки и акциски документи за енергија и клима. Согласно Стратегијата за развој на енергетиката, учеството на ОИЕ во бруто-финалната потрошувачка на енергија се очекува да се зголеми, достигнувајќи во опсег од 35-45% во 2040 година“ кажа Бектеши и додаде дека земјата е силно посветена на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија.

 

Tags: БектешидекарбонизацијаС. Македонија
Next Post

АЕТМ: Странските иматели на платежни картички за купување од македонски е-трговци лани потрошиле 21.76 милиони евра

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk