ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Граѓанската обврзница иновативен, безризичен и транспарентен производ, со поволни приноси за граѓаните

July 5, 2023 09:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската обврзница е иновативен производ на домашниот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Тој е транспарентен и нуди можност на граѓаните во овој период, кога имаме висока инфлација, да инвестираат во безризична инвестиција со прилично добри приноси.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Тема на денот, на ТВ Сител во која потенцира дека постапката за купување на обврзниците е едноставна и граѓаните може да ја направат во сите деловни банки со средства кои ги имаат на сметките или со готовина.

„Станува збор за иновативен производ на нашиот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Прво во време на релативно висока инфлација ја штити вредноста на парите, во смисла на тоа што ќе носи поволни приноси. Безиризична инвестиција, бидејќи ќе може да го прошират инвестициското портфолио освен во депозити во банка и акции, и во државни обврзници и да тргуваат со нив, зависно од потребите на секундарен пазар, односно на Берзата или преку шалтерите на банките. Тоа ќе биде една можност за граѓаните да се внесат на одреден начин во разојот на финансиските пазари, бидејќи ќе можат да купуваат покрај со своите средства во банка и со готовина што ќе придонесе кон намалување на сивата економија. Односно она што се заштеди надвор од системот ќе влезат во банкарскиот систем и ќе го поттикнат развојот. Граѓаните, исто така ќе бидат и дел од развојните проекти на државата, односно ќе партиципираат во финасирањето на развојните проекти”, рече министерот и додаде дека во граѓанската обврзница може да инвестираат сите граѓани, кои се државјани на РС Македонија, а тоа значи и нашите граѓани од дијаспората.

Потенцира дека постапката за купување е многу едноставна и дека се врши преку шалтерите во банките, како и за сите други услуги што се нудат. Во процесот се вклучени сите банки, а граѓаните може да се обратат во период од 9 до 14 часот, до 12 јули, бидејќи на 13 јули ќе се одржи аукцијата, по што за неколку дена ќе се изврши регистрирањето во Депозитарот на хартии од вредност.

Министерот наведе дека за своите купени обврзници, граѓаните ќе добијат камата од 5 % годишно, која ќе биде исплатена на 20 јули 2024 за првата година и на 20 јули 2025 година за втората година, по што ќе им биде вратен и целиот инвестиран износ. Односно, на крајот ги добиваат инвестираните пари и остварениот принос од камата.

Ова е прва емисија, која е издадена на вредност од 600 милиони денари, но, како што најави министерот, ќе бидат запишани обврзници на целиот износ за кој ќе има интерес. Граѓанската обврзница како инструмент ќе се нуди на пазарот во континуитет и граѓаните може да сметаат дека и во иднина ќе може да инвестираат во него.

Според министерот тие нема да имаат влијание врз депозитите што граѓаните ги чуваат во банките и дека станува збор за транспарентен процес. „За купувањето на граѓанската обврзница ќе се применуваат сите прописи и процедура за контрола што веќе ги имаат банките и нема нови поволности за овој инструмент од она што се стандарди за спречување перење пари”, истакна министерот, потенцирајќи дека овој инструмент е имун на политички изјави и дека тој е во интерес на граѓаните.

Tags: Бесимиграѓанска обврзницаекономија
Next Post

Акциска контроли на полицијата со девизните инспектори во Прилеп, четири лица лишени од слобода

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk