ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: ОБСЕ ќе поддржи иновативни иницијативи и проекти за справување со климатските ризици

July 7, 2023 12:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа е потребно да дадеме политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во Виена.

„Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности”, рече Османи на отворањето на Конференцијата.

Потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на Специјален претставник за климатски промени во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, потенцираше Османи.

„Ваквиот нов пристап ќе обезбеди политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици. Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества”, рече Османи.

Претседавачот потенцираше дека политичките определби мора да бидат поддржани со конкретна акција во сите димензии на ОБСЕ и од страна на сите земји-учеснички. Токму затоа Конференцијата е одлично место за споделување иновативни идеи и најдобри практики.

„Покрај тоа, ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите-учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина”, рече Османи.

Во рамки на Конференцијата, Османи ќе учествува и на панелот „Премостување на националната и глобална акција –Регионална соработка за справување со климатските промени”.

Tags: МакедонијаОБСЕОсмани
Next Post

Најмалку шест мртви во силна експлозија во фабрика за експлозиви во Русија

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk