Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место.
Најефикасна во македонските редови беше Анастасија Трпеска со шест голови, а еден помалку постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.
Во завршниот натпревар на ЕП во Романија, избраничките на селекторот Јулија Дамчевска ќе се обидат да го избегнат последното место, а противник во натпреварот за 15 место ќе биде поразениот тим од дуелот меѓу Србија и Хрватска.