Во рамки на акцијата за контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената струмичката полиција вчера во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Струмица констатирала 140 прекршувања на брзината. Од нив, 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија.
Како што информира денеска МВР, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место.
За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.