ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмро е звук на телефон за време на минута молчење

August 6, 2023 09:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

„Во секоја земја има нешто одвишно: тоа е нејзиното население.“

Францускиот критичар, журналист и новелист, Алфонс Кар (1809-1890) ме тера да се прашам колку убава земја би била Македонија без Македонците.

Само јас, птиците, желките во Орешани, пајаците со своите егзибиции, добро друштво се и пчелите и осите што се гнездат зад капаците на мојата барака, дури и комарците од каналите меѓу Таор и Р’жаничино се подобро друштво од чипираните идиоти на Горското началство.

Од жените не знам дали би ја оставил Ќулафкова која, како Маја Плисецкаја, лефтерно скока меѓу вековите и јазичните диференцијации, а кога брзо трепка личи на јапонска конкубина која сака на самурајот да му изгледа како девојче, Силјановска е интересна, но многу губи со патриотските воспаленија на обвивката на мозокот кои ѝ го уништуваат тенот, Ванковска е мошне секси, но се има фрлено во некој плачлив мод, нон-стоп е по гробовите на славните дејци и се плашам дека ќе ми го мокри јастукот. Мој фаворит беше Сузана, но со новиот колк не сум сигурен дали ќе може да биде активна во сите пози.

Вмро се како звук на телефон за време на погреб. Или на свечена академија по повод поморот на македонскиот род. При една минута молчење во знак на почит кон некој манекен на револуционерната борба против слободата. Трн во петата, шпица под ноктот. На комеморација по повод смртта на Хер Флик или на Кикифрики:

Првиот е ко мумија, никој не знае од кога е мртов, а Геро ги влече зад себе последните остатоци од животот и срамот на своето човечко потонување.

Замислете некој упорен пријател да ви ѕвони додека се сексате со Сека Алексиќ и тоа на место од кое не можете да го дофатите апаратот. После гледате дека ве барале од вмро, но вие сте испразнети и немате волја и сила да појдете да го убиете ѕверот како што ѝ ветувавте на Сека додека свршувавте.

Запомнете ја Сонтаг: Десната рака е агресивна рака, рака која мастурбира. Според тоа, предност треба да ѝ се даде на левата рака!… Треба да се романтизира и сентиментализира!

Триесетина години велам ослободете се од тој звук, фрлете го телефонот од џамот на возот со кој патувате за Аделбоден. Фрлете го под тркалата на камионот на Ацо Спасовски од Драчево, можам да ви договорам термин, откачете го вмро ако не сакате војна, несреќи и катастрофи, а си ја сакате државата, со сите слабости и нацијата, се разбира, луѓето воопшто и себе си, можеби, најповеќе од сѐ…

Ми велат дека сум бил предавник, неписмена будала, антимакедонец, сдсмовец.

Будали!

Нашата поплава е од просташтво и глупост, хистерија и очај што ја донесоа излеаните реки на вмровштината, сочувствувам со трагедијата на Словенците и на Хрватите, еве сега и на Србите, но ова тука е во суштина поголема и понепоправлива трагедија.

Единствена.

Подобро да бевме Инки, Маји, Ацтеки или Хазари, се само не Македонци.

Зашто нашата смрт не носи никакви интриги, туку срам.

Голем неподнослив срам.

На мртвите ќе им иде да станат и да се убијат по втор пат.

Вистината не е во склад со нашата природа, заблудата е и тоа поради една едноставна причина: вистината бара да ја признаеме својата ограниченост, заблудата ни ласка дека сме, на овој или оној начин, неограничени.

Рекол Гете.

Но, без свест за сопствената ограниченост нема решение на проблемите, нема перспективи.

А и опасно е.

Ако не си свесен дека на црвено треба да застанеш, можеш да загинеш или да убиеш некој невин човек.

Разликата во популарноста има два извора: комплетната контрола на медиумскиот простор од злосторничката инсталација на вмро која 90 отсто од медиумското време го пополнува со себе, со своите кретенчуги и со невидена агресија кон сѐ друго, башка, таму се јавуваат како спасители и, второ, обидите на власта да го соочат народот со гетеовските ограничености и врз основа на тоа да носат реални решенија, наместо плусеви им носи минуси затоа што во меѓувреме народот е оглупавен од примамливата простост на вмро и Жмицко.

Гомбрович ги терал Пољаците да признаат дека се народ од трет ред и тоа како доблест на нацијата, како добра платформа за скок во втората класа, па во првата, ако е до класите, но поважно е да имаат јасна претстава за своите ресурси и за своето место во светот.

Така треба да биде и со Македонците. Ние не сме трета класа. Ние сме десетта класа. Просто, тоа е така. Ние сега имаме една бандитска структура која на Македонија, која игра во шестата англиска лига и вика дека под нејзино раководство во истата година може да стане шампион во Премиер лигата, само ако ја ангажираат за менаџер.

И ако не ги пуштат Бугарите во соблекувалната и на клупата.

Па чекај малку бе, па не може тоа така.

Една албанска народна поговорка вели дека „кога жабите крекаат, времето се расипува“.

Во македонската варијанта истата поговорка вели вака: „кога патриотите врескаат, државата и народот наебуваат!“

И запомнете го ова додека слушате патриотски тралалајки дека идиотите ќе се избореле за подобра рамка: Оној што не е задоволен со она што го има, тој нема да биде задоволен ни со она што сака да го има.

Односно, не е проблем рамката, не е ниту Европа, ниту Бугарија. Ние сме проблемот, а меѓу нас гомното што смрди и треба под итно да се изрине, се вика вмро-дпмне!

Никој никогаш не се соочувал со поголема трагедија и со попрост начин за решавање на драмата: Свест!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Земјотрес во Кина, 21 лице повредено, урнати 126 згради

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk