Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руска наведувана ракета доцна синоќа погодила центар за трансфузија на крв во градот Купјанск во источниот регион Харкив. „Има загинати и повредени“, објави тој на Телеграм, пишува Кијив Пост.
„Ова воено злосторство кажува сè за руската агресија. Ѕверови кои уништуваат сè што ни овозможува да живееме“, нагласи тој.
Зеленски додаде дека службите се обидуваат да го изгаснат пожарот на местото на нападот. Тој не кажа колку има загинати и ранети. Украинскиот претседател претходно објави дека Русија вчера повторно истрелала проектили кон Украина.
Russia’s guided air bomb against a blood transfusion center in Ukraine. This evening, Kupiansk community in Kharkiv region. Dead and wounded are reported. My condolences! Our rescuers are extinguishing the fire.
This war crime alone says everything about Russian aggression.… pic.twitter.com/aCgxAbJx8P
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 5, 2023
Воздушни тревоги одекнаа низ целата земја, а цел на Русите беше фабриката Мотор Сич во Запорижја, рече Зеленски.
Тој не кажа дали е оштетена фабриката која произведува делови за авиони и хеликоптери. Тој потврди дека е погоден и регионот Хмелницки, но не даде дополнителни детали.
„Некои од ракетите беа соборени благодарение на нашите авиони-ловци за противвоздушна одбрана“, рече тој.
Бројот на напади се зголеми на двете страни откако Москва се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН во средината на јули, кој дозволи извоз на украинско жито.
Г. Т.