ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Боки 13 повторно бара укинување на притворот за да се храни здраво

Барање за укинување на притворот побара и обвинетиот Јовановски, пред се рече дека е ноторна лага дека се обидел да бега, туку дека имал резервирано седумдневен одмор на Миконос во Грција. Боки 13 рече дека неговата здравствена состојба е подобра, односно последните испитувања покажале дека нема малигно заболување на желудникот, туку дека има улцерни лезии за кои е потребна прием на хигиено диететски режим, за кој, според него, тоа е невозможно да се оствари во затворот во Шутка.

February 20, 2020 14:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова денеска сведочеше за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки13 и Катица Јанева. Димишков бил адвокат на Меѓународниот сојуз чиј претседател е Боки 13 и адвокат на Стопанска Банка Битола во која акционер е бизнисменот Јордан Камчев.

Димишков рече дека имал средба со Камчев на која му била покажана судска наредба потпишана од неговата састра, судијката по претходна постапка Димишкова. На прашање на одбраната тој рече дека сметал оти сакаат да го искористат, односно неговата сестра да биде изземена како судија по претходна постапка.

На прашање пак на обвинителката Вилма Рускоска да одговори со „да“ или „не“ дали тој му предочил на Камчев дека не може да му помогне во случајот „Империја“ како адвокат и дека треба сестра му да се изземе, Димишков рече дека „наредбата не била сè уште формиран предмет“. На ова реагираше адвокатот Сашо Дуковски дека сведокот е малтретиран од Русковска. Сепак Димишков не даде конкретен одговор на прашањето на обвинителката.

Димишков имал средба со директорот на Стопанска банка Битола Владимир Евтимоски, кој му посочил дека Камчев сака да се сретне со него во врска со случајот што се води против него. Според сведокот, средбата се остварила, Камчев му понудил да учествува во тимот адвокати за одбрана во предметот, на што сведокот му одговорил дека ќе формира цена за награда и ќе го известел и дека потоа не се виделе.

Адвокатот Дуковски, од Судечкиот совет побара да му се укине притворот на Боки 13 бидејќи, според него, се престанати околностите за неговото понатамошно задржување во притвор, а кои се предвидени со членот кој предвидува опасност од бегство.
Обвинителката рече дека се противи на какво било размислување за укинување на притворот од причини, како што рече, дека полицијата не го нашла обвинетиот во библиотека, туку дека обвинетиот е упасен на граница во обид за бегство.
Барање за укинување на притворот побара и обвинетиот Јовановски, пред се рече дека е ноторна лага дека се обидел да бега, туку дека имал резервирано седумдневен одмор на Миконос во Грција. Боки 13 рече дека неговата здравствена состојба е подобра, односно последните испитувања покажале дека нема малигно заболување на желудникот, туку дека има улцерни лезии за кои е потребна прием на хигиено диететски режим, за кој, според него, тоа е невозможно да се оствари во затворот во Шутка.
Обвинетиот Јовановски уверувајќи го судот дека нема да бега, рече дека му било понудено позитивно мислење за притворот доколку постапи како Зоран Милевски и дека со тоа што не постапил така, се покажува неговата сериозност во врска со предметот.
-Доколку кажам дека Катица Јанева е крива ќе ми дадеше позитвно мислење, доколку кажам дека Фросина Ременски земала некакви пари ќе даделе позитивно мислење, рече Јованосвки на што реагираше обвинителката Рускоска и побара од судот да го предупреди Боки 13 дека ова, како што рече, не е театарска сцена.
Предметот продолжува следниот четврток со сведочење на Владимир Тодоровски и наредниот ден со Дејан Панделевски. Според динамиката на судењето, судијката Весна Никоавска Масевска која денеска одржа средба со новинарите, информираше дека за предметот има закажани рочишта до 15 март и дека има предложено околу 25 сведоци од обвинетите.
Next Post

Девет илјади граѓани секојдневно користат 128 електронски услуги од институциите

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk