Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија.
Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани.
Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од дожд до 60 мм на час во областите долж источниот брег на земјата и ветрови со максимална брзина од 90 км/ч на места во провинцијата Јужна Гјеонгсанг на островот Даеџу, соопшти јужнокорејската метеоролошка служба.
Ханун се движи на север со 20 km/h помеѓу третиот по големина јапонски остров Кјушу, на југозападниот дел на земјата, 860 километри од главниот град Токио и Корејскиот полуостров, зголемувајќи ја малкута брзина додека се движи кон север со 20 km/h.
Јужна Кореја нареди суспендирање на активностите на отворено за меѓународната средба во крајбрежна област на која се собраа десетици илјади извидници. Вчера, околу 37.000 извидници се преселиле на побезбедна локација бидејќи нивниот камп е близу патеката на невремето.
Повеќе од 1.500 училишта ја прилагодија својата наставна програма, при што некои се затворени, а 877 од нив се префрлија на учење на далечина, соопшти јужнокорејското Министерство за образование.