САД ќе испратат на Украина нов пакет помош во вредност од 200 милиони долари, соопшти денеска Стејт департментот.
„Овој пакет вклучува противвоздушна муниција, артилериски гранати и дополнителна опрема за чистење мини“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Русија „ги убива украинските цивили и ја уништува цивилната инфраструктура секој ден“, а во исто време, се посочува, придонесува за глобалната несигурност за снабдувањето храна храна преку уништување на украинските цивилни пристаништа и инфраструктурата за жито.
„Русија ја започна оваа војна и може да ја заврши во секое време со повлекување на своите сили од Украина и прекинување на бруталните напади“, соопшти Стејт департментот.
Нагласено е дека додека Русија не го стори тоа, САД и нивните сојузници и партнери ќе и помагаат на Украина онолку колку што е потребно.