ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Тоа беа денови на пензионерска среќа! Со празни џебови, се возеа, се скијаа и… молчеа

August 18, 2023 08:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Земајќи ги предвид последните случувања во државата и зголемениот интерес на пензионерите гласно да ги искажат своите ставови или, поточно, ставовите на другите, јавноста особено на социјалните медиуми е фокусирана на примањата на пензионерите од сите категории. За да се разбере бранот реакции во јавноста кои, навидум, доаѓаат од пензионерите, треба прашање да се разгледа во текот на годините.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2023/08/penzioneri-rezim-grujo.mp4

Имено, во 2016 година, минимална пензија што ја исплати пензискиот фонд е 6.172 денари, додека потрошувачката кошничка во тоа време изнесува 32.102 денари.

Пензиите во износ кој не може да ги покрие ни трошоците за храна на највозрасните во државата, но пропагандата предизвика занес од бесплатни жичници до врвот на планината и ваучери за скијање кои возрасните и не можеа да ги искористат. А тоа беше само дел од популистичките мерки кои ги носеше режимот на Груевски.

Пензионерите имаа смешно мали пензии, но режимот лесно ги манипулираше со сугестии дека, наместо прилив на средства на нивните сметки, за нив се обезбедува грижа, па се организираат државни ресурси за спортување. А таа „грижа“, пак, ретко кој од пензионерите беше во состојба да ја користи.

Во тој период, кога пензионерите „скијаа“, се одвиваше скандалозно празнење на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поради начинот на финансиско работење на груевистичката влада, која ги празнеше, а не ги полнеше фондовите.

Практиките што ги воведе режимот во тој период, значително го разниша пензискиот фонд, со чии пари се манипулираше, а не се работеше домаќински. Тие практики беа лоша почетна позиција за сегашната влада која, соочена со сите кризни состојби кои се наметнаа во изминатите години, дополнително требаше и да го стабилизира полуиспразнетиот пензиски фонд.

Сегашната политика води кон системски решенија кои ќе носат постојан раст на пензиите и нема да ги остават пензионерите со празни сметки во ниту еден период од нивните пензионерски денови.

Сепак, изгледа како пензионерите да имаат кратка меморија за она што навистина се случувало низ годините. Имено, поради големата Ковид криза пензиите се исплаќаат предвремено, а ваквото исплаќање на пензиите останува во пракса и денес. Сегашните практики водат кон тоа дека не е доволно само да се покачуваат пензиите, односно да води грижа за нивно континуирано порамнување, туку е потребно директно да се подобрува квалитетот на живот на највозрасните граѓани во државата.

Правото на мобилност се спроведува преку пакет мерките за помош на ранливите категории на пензионери. Преку услугата помош и нега во домот се овозможува негуватели да им помагаат на највозрасните во нивните домови, а ги исплаќа државата. Тоа се мерки со кои се овозможуваат на услуги и права кои навистина им се од корист на граѓаните.

Меѓутоа, пензионерите се жртви на политичка пропаганда, па се добива впечаток дека овие политики и мерки не им одат во прилог. Некој би рекол дека немаат потреба од дополнителни услуги и дека единствена потреба им е пензијата односно приходот на нивните сметки, кој и без нивно дополнително сугерирање се континуирано се покачува и ќе продолжи да се покачува, врз основа на методологијата која ветува систем на покачување на пензиите.

Накратко, владата овозможува системска сигурност, а не потсмев и манипулација на пензионерите.

Д. Е.

Tags: манипулациипензионерирежим
Next Post

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на седницата на Собранието за уставните измени

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk