Руската пропаганда создаде лажна приказна на Инстаграм за „журка со оган“ во ноќен клуб во Кијив.
Медиумите финансирани од Кремљ и Z-телеграм каналите шират информации дека едно место за забава во Кијив наводно организирало шоу наречено „Огнена Махачкала“ по повод експлозијата на бензинска пумпа во главниот град на Дагестан, Махачкала, во која загинаа најмалку 30 луѓе, а десетици беа повредени
Како доказ пропагандистите објавија наводна сторија од официјалната страница на Инстаграм на украинската институција.
Ова е лажна приказна. На официјалниот Инстаграм профил на клубот од Кијив нема такви стории или објави. Во исто време има објава дека информациите за „огнената партија“ се лажни и провокативни.
Претходните извештаи говореа дека на 14 август во експлозија на бензинска пумпа во главниот град на Дагестан, Махачкала, загинаа најмалку 30 луѓе, а десетици беа повредени.
Подготви: Д. Мишев / ЦивилМедиа