ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на откривањето на споменикот во чест на загинатите во „Диво насеље“: Хероите вечно живеат

August 23, 2023 11:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Љубиша Ранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самоиловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се нашите херои кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе. Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на откривањето на спомен-плочата во кругот на СВР Куманово на полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

-Никогаш нема да се заборави оној кобен мај 2015 година кога осумината припадници на МВР во Куманово го покажаа врвот на патриотизмот жртвувајќи ги своите животи во вооружениот терористички напад во Диво насеље. И ништо не е исто после тој ден за нивните семејства, за другарите, колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување чии припадници беа, за моите кумановци и за Македонија, бидејќи болката никој не може да ја залечи, а длабоката почит кон нив останува засекогаш. Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето, рече Спасовски.

Нагласи дека нема ништо поблагородно од жртвувањето на животот за својата татковина.

-Знам дека ова знаме на јарболот нашето – македонското не се вее од ветрот, туку од последниот здив на секој наш припадник кој загинал чувајќи го токму тоа знаме. Денеска сме тука за да им оддадеме посебна почит и со оваа спомен-плоча која ја направивме заедно со Македонскиот полициски синдикат како паметник на нивната големина, храброст и жртва, како обележје дека хероите живеат вечно и тоа токму на Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување која што за дел од нив беше нивниот втор дом, рече Спасовски.

Оваа спомен-плоча, додаде, ќе биде и потсетник на Денот кој посакуваме никогаш да не се повтори кој остана врежан во колективната меморија на моите сограѓани, а со сигурност знам дека моите кумановци не забораваат ни добро, а уште помалку лошо.

-Не ја забораваат историјата, ниту хероите кои ја создале, но не забораваат ни дека соседот им е поблизок и од брат без разлика на верата и националноста. И покрај големат траума токму благодарение на нивната прибраност злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор. Впрочем, како што доликува на градот на непокорот и револуцијата, посочи Спасовски и порача дека хероите живеат вечно.

Откривањето на спомен обележјето на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата се одржува на Денот на Единицата за брзо распоредување 23 август. Во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на Единицата за брзо распоредување, каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата, така што граѓаните ќе имаат можност покрај дружбата со полициските службеници и да се фотографираат со опремата, да влезат во полициските возила итн. Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово.

Tags: Диво НасељеКумановоМВРСпасовскиспоменик
Next Post

Општина Бутел и МВР одзедоа узурпирано државно земјиште

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Лучијано Спалети ќе го преземе Јувентус,

October 29, 2025

Левица: Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО – ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје

October 29, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати, на 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk