Словенија се приклучи на Декларацијата на Групата седум (Г7) за безбедносни гаранции за Украина, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.
Безбедносните гаранции на Г7 треба да бидат меѓународна рамка насочена кон зајакнување на долгорочната безбедност на Украина и способноста на земјата да се брани од руската агресија.
Зеленски изрази благодарност до Владата на Словенија и до премиерот Роберт Голоб за приклучувањето кон декларацијата на Г7.
Двете наши народи ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата, како и желбата за мир и правда ширум евроатлантската област, истакна Зеленски.
Словенија е 22-та земја која се приклучи на декларацијата на Г7, претставена на Самитот на НАТО во јули во Вилнус.