ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царинска управа: Возач на товарно моторно возило се обидел оштетувањата на царинско обележје (сајла со пломба) да ги прикрие со изолир трака

August 29, 2023 13:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлука на суд одземени се 17,7 тони тутун во лист, товарно моторно возило-влекач и полуприколка во вкупна вредност од 7 милиони денари, откако возач на товарно моторно возило на пат од Република Грција до Република Северна Македонија се обидел оштетувањата на царинско обележје – сајла со пломба да ги прикрие со изолир трака и за истото не ги известил царинските органи. Оштетувањата на царинските обележја создале услови за отворање на возилото во кое била сместена стоката при што постои можност за вадење на истата или пак ставање на друга стока во возилото при премин на гранична царинска линија со што се прекршува царинската регулатива.

Имено во саботата, на 26 август, на граничниот премин Богородица на влез во државава се пријавило товарно моторно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин. Царински инспектори од Одделението за оперативни работи го селектирале на детален преглед, при што се детектирани оштетувањата на царинските обележја – сајла со пломба.

Возачот се обидел оштетувањата да ги прикрие со изолир трака, и за истото не ги известил ниту македонските царински органи на влез во државава, ниту грчките царински органи кои требал да ги повика во моментот кога настанала штетата, со оглед на тоа што му била ставена грчка царинска пломба.
По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на тутун во лист во вредност од 5,7 милиони денари поради прекршување на член 267 од Царинскиот закон, како и одлука за одземање на товарно моторно возило влекач во вредност од 806.191 денари и полуприколка  во вредност од 492.512 денари поради прекршување на член 269 од Царинскиот Закон.

Против возачот е поведена прекршочна постапка, а одземениот тутун, возилото – влекач и приколката ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Tags: Товарно моторно возилоЦаринска управа
Next Post
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Да се живее под тортура на Мицкоски

НАЈНОВО

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Потпишавме Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

October 23, 2025

ВРЕМЕНСКО ЕХО – 23 октомври

October 23, 2025

Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk