Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ
„Бугарскиот диктат“, „плановите“ на Европа и светот да го скршат „стоицизмот“ на Мицкоски се дел од вокабуларот со кој ВМРО се обидува да го оправда ставот против уставните измени, а со тоа и нивниот став против отстранувањето на пречките во патувањето на државата кон полноправно членство во ЕУ.
Во оваа насока, ако се оди по логиката на Мицкоски, и неговото противење, може да се претпочита како „диктат“ и блокирањето на евроатлантската перспектива на државата.
Мнозинството граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност, се за интеграција на државата, додека поради „диктатот“ на Мицкоски се спречени да ги искористат придобивките од интеграцијата, а државата не може да ја реализира стратешка определба .
Како „војна“, односно политичката битка е сосема нелогична, но и не разумен политички, геополитички и геостратешки потег!
Секој неуспех на уставните измени, а со тоа и на патувањето кон ЕУ, ќе ги зголеми нескротливите амбиции на Русија за влијание во Северна Македонија, ќе ја девалвира економијата, ќе го наруши балансот на добрите меѓуетнички односи, додека САД и моќните земјите од ЕУ ќе почнат да нѐ гледаат како земја која не е сериозен партнер…
На Бугарија веќе не се гледа како на земја која ја спречува Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, туку самиот Мицкоски си „пука во нога“, тој и ВМРО, самоволно и поради нивниот неразбирлив и непотребен „диктат“, „пукаат во срцето“ – иднината и перспективите на земјата.
Можат дури и да ја „убијат“ надежта за момент! Но не можат да ја закопаат про-ЕУ и проамериканската стратешка определба на граѓаните на оваа држава!
Мицкоски и неговиот „диктат“ не даваат аргумент дека нивното спротивставување е идеолошко прашање, туку дека се (не)подготвени да бидат одговорни за евроатлантската иднина на државата.
Слеп е, збунет, и по секоја цена мисли дека со овој „диктат“ – може да се врати на власт! Популизмот, национализмот, антизападниот и антиалбанскиот став се само пропаганден изговор.
Затоа, би било добро прогресивните сили во партијата на Мицкоски да му помогнат на својот претседател да се ослободи од овој инфантилен „диктат“ во овие сериозни геополитички констелации по руската агресија во Украина, и да рефлектира за иднината на сите!