Голем број реакции по новинарските откритија на Слободен печат за состојбите во скопска Онкологија беа објавени во медиумите и на социјалните мрежи. За жал, дел од објавите во медиумите и на социјалните мрежи објавуваат и повици за линч, служејќи се со манипулации и дезинформации. Како и многупати досега, така и оваа жешка тема се користи за политички профит, наместо да се инсистира на доследно и професионално спроведување на истрагата во овој случај поврзан со здравството.
Во врска со случајот „Онкологија“ Стефан Богоев од СДСМ на социјалните мрежи сподели лично искуство:
„Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки. Кој не бил, не знае што тоа значи. Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна!“, напиша Богоев.
Богоев изрази поддршка за МВР и ОЈО и го повтори партискиот став дека случајот мора да се истера докрај „без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците“.
„Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците! За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело!“ – напиша Богоев.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА