Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и Предлогот за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, се
На агендата се и Предлог законите за ратификација на изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) со Одлуката од Комитетот за јавни набавки на Светската трговска oрганизација за пристапување на Република Северна Македонија кон изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) и на Шестиот дополнителен Протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа.
Како што е најавено, пратениците треба да расправаат и по предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите и на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, по скратена постапка.
Ќе се дискутира меѓу другото и по Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост, Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, сите по скратена постапка.
На денешната собраниска седница се и Предлог на закон за дивечот и ловството и
Предлог на закон за образование на возрасните, двата во прво читање.
Пратениците треба да распораваат и по барањето за давање на автентично толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев –
На агендата се и Прeдлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.