ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Утре истекува мандатот на директорот на ОТА, го избира и разрешува Собранието со двотретинско мнозинство гласови

September 6, 2023 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на ОТА Зоран Ангеловски вчера закажа прес-конференција, која требаше да се одржи денеска пред Собранието, но изутринава настанот беше откажан. Мандатот на Ангеловски истекува утре, а во денешното соопштение на ОТА се наведува дека прес-конференцијата се одложува поради итни и неодложни работи, пренесува МИА.

-Поради итни и неодложни работи најавената прес конференција на директорот на ОТА пред Собранието на Република Северна Македонија во 11:00 часот се одложува на неопределено време, се наведува во денешното соопштението на ОТА.

Ангеловски за прв човек на Оперативно-техничката агенција (ОТА) беше избран во Собранието во 2018 година со 83 гласа „за“.

Мандатот на  директорот на ОТА, која е посредник во прислушувањето меѓу операторите и корисниците трае пет години, без право на повторен избор.

На вчерашната собраниска седница пратениците ја изгласаа одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.

Согласно Законот директорот на ОТА го избира и разрешува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во на предлог на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За директор може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следните области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки, да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во предвидените области.

Ангеловски во изјава за „360 степени“ пред два дена предупреди дека доколку ОТА остане без директор, тоа ќе создаде правен вакуум во раководењето со институцијата.

-Во Законот за Оперативно-техничка агенција (‘Службен весник на Република Македонија’ број 71/18 и ‘Службен весник на Република Северна Македонија’ број 98/19), иако се уредени повеќе прашања поврзани со надлежностите и раководењето на ОТА, не е уредено прашањето за раководењето на институцијата по истекот на времетраењето на мандатот на директорот од пет години, во случај кога на денот на истекот на мандатот сè уште не е завршена постапката за избор на нов директор, односно важечкиот закон не предвидува можност во тој случај кога истата е без легитимно избран директор со важечки мандат од страна на Собранието на РСМ, со институцијата да раководи друго лице (в.д. директор, заменик-директор, совет и слично), а со тоа ниту да се даваат овластувања за спроведување на законските надлежности на ОТА кои произлегуваат од директорот како единствено надлежно раководно лице, изјави Ангеловски.

ОТА беше формирана во рамки на реформите во безбедносно-разузнавачкиот систем, по препораките на Прибе со цел да се спречат злоупотреби во следењето на комуникациите, по скандалот со масовното прислушување. Како резултат на реформите се формираа Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и ОТА, која ги презеде надлежносите врз опремата и уредите за следење на комуникациите.

Tags: Зоран АнгеловскиОТА
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Расне загриженоста за безбедноста во ЕУ додека Србија продолжува да издава државјанства на Руси по забрзана постапка

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk