ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Неопходна е поголема одговорност на финансиските друштва и поголема контрола врз издавањето на „брзите кредити“

September 12, 2023 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа координативен состанок со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“.

На состанокот присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик министерот за финансии, Филип Николовски, вицегувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Ана Митреска, заменичката на Народниот правобранител, Соња Трифуновска, директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, Имер Алиу, како и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека е неопходен координиран и ефикасен пристап на сите надлежни институции, но и зголемена одговорност за финансиските друштва со цел да се спречат сите можности за натамошни злоупотреби со брзите кредити кои директно се вршат на грбот на граѓаните.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, во 2022 година евидентирани се 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени се 16 кривични пријави за 24 сторители. Од почетокот на оваа година заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на вакви злоупотреби, за кои, по преземени мерки и активности поднесени се девет кривични пријави, а во рамки на реализираните случаи кривично се пријавени 15 сторители.

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Алиу, информираше дека во Агенцијата во 2023 година, граѓаните имаат поднесено пет барања за утврдување на повреда на правото на заштита на нивните лични податоци при процес на спроведување на брз кредит. Во однос на сите барања спроведени се вонредни супервизии од страна на Секторот за супервизија и во сите случаи утврдени се повреди по правото на заштита на личните податоци. Во претходната 2022 година, имало вкупно 1 пријава, додека пак во 2021 година имало седум пријави.

И покрај преземените чекори и изрекување на казни од страна на АЗЛП и покренати кривични постапки од страна на МВР, неподелено е мислењето дека неопходно е итно зајакнување на механизмите за контрола на идентитетот на барателите на брзи кредити и зголемување на транспарентноста на финансиските друштва од една страна, и брза имплементација на новите законски решенија со кои се зајакнати критериумите за работење на финансиските друштва.

Од тие причини, беше заклучено финансиските друштва во рок од еден месец да  спроведат соодветна едукација на вработените за примена на системот на идентификација при воспоставување деловен однос, согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Истовремено, финансиските друштва се должни да утврдат процедура за постапување со која ќе се гарантира дека податоците од личните документи соодветствуваат со лицето кое што е барател на кредитот.

Во однос на онлајн аплицирањето, потребна е идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори, вклучително и со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Во насока на зајакнување на транспарентноста, во рок од три дена финансиските друштва на своите веб страни треба да ги објавата тарифниците за трошоци за брзи кредити усогласени со новото законско решение кое ја лимитира вкупната сума за тарифирање, а по истекот на тој рок  Министерството за финансии да изврши контрола. За оние финансиски друштва што нема да ги објават тарифниците,  предвидени се казни согласно Закон.

На состанокот меѓудругото беше заклучено Министерството за финансии во рок од 30 дена да подготви подзаконски акти за подобра операционализација на новото законско решение, кои ќе овозможат надминување на детектираните слабости.

 

Tags: Брзи кредитиСлавица Грковскафинансиски друштва
Next Post

Мецола: ЕУ треба да се реформира за да функционира со поголем број земји-членки

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk