Вицепремиерот за иновации, образование, наука и развој на технологијата – министерот за дигитална трансформација на Украина, Михаило Федоров покажа како морнарички дрон напаѓа руски брод.
Федоров го објави видеото на Телеграм, пренесува Укринформ.
„ГУР работи. Донаторите на United24 работат. Украинските технологии работат. Сите работиме за победа“, рече тој во објавата.
Како што објави Укринформ, украинските разузнавачи потврдија дека руски голем десантен брод и подморница биле погодени од ракетни напади во привремено окупираниот Севастопол во текот на ноќта на 13 септември.
Одбранбените сили на Украина на 14 септември оштетија уште два патролни брода на руската флота во југозападниот дел на Црното Море.
Подготви: Ј. Ѓ.