ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Раздор во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски во битка за тронот на белата палата

September 20, 2023 12:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Почнаа финалните битки за тронот во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Преписките помеѓу Мицкоски и Груевски на социјалните мрежи кулминираат дотаму што силно се разнишани темелите на партијата.

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со одлуките да не ги поддржи уставните измени го кочи патот на Македонија кон Европската унија, денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата, екс премиер и бегалец од правдата Никола Груевски.

-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш, објави Мицкоски.

– Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам…, објави Мицкоски.

Груевски, вчера го повика Мицкоски јавно да одоговори во врска со неговите тврдења за германски ФАЦ.

– Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, објави вчера Груевски на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски, пак, за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата. Тој, како што пренесува Дојче Веле, наведува дека „за да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови“.

Поголемите политички партии во Македонија се загрижени за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и бараат одговори.

СДСМ бараат Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и дали ги прикрива барањата за амнестија.

„Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него? За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен. Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него“, истакнуваат од СДСМ.

Од ДУИ велат дека средбите со Заев и Груевски беа за помирување во Пржино, а со Мицкоски за Кривичниот законик. Тие се загрижени за случувањата во ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму појаснуваат дека „во своето интервју, Ахмети зборуваше за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со г-дин Заев и г-дин Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето“.

„На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби.

Додека, измените во Кривичниот законик првично беа побарани од страна на ВМРО пред уставните измени за Договорот од Преспа.

Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање.

– Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација, реагираа од ДУИ.

„Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани, но и преку злоупотреба на институциите, процесите во земјата, како и политичките партии и партиските лидери“, се истакнува во реакцијата од ДУИ.

Дали на повидок е раздор во ВМРО-ДПМНЕ? Еден од многуте што во историјата на оваа партија се случуваат помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, кои еден на друг си го предаваат тронот.

Ј. Ѓ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиМицкоскираздор
Next Post

Протест на пензионерите пред Владата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk