ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Погонот на „Арчелор Митал“ што го загади Вардар, од денеска повторно работи

October 7, 2019 18:22
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска повторно работи погонот на „Арчелор Митал“ или под новото име „Либерти Хаус Груп“, од каде беше предизвикано загадувањето на Вардар на 22 септември, кога преку главниот канализационен испуст кај Ново Лисиче се излејаа токсични отпадни води со висока концентрација на рѓа и хлороводородна киселина, пренесува новинската агенција МЕТА.

Од Државниот инспекторат за животна средина го потврдиле тоа и информирале дека фабриката го завршила санирањето на дефектот, по што го известила Инспекторатот за новата ситуација.

Од Инспекторатот претходно информираа дека „Арчелор Митал“- „Либерти Хаус Груп“, по извршениот вонреден инспекциски надзор поврзан со хаваријата на 22 септември од надлежниот инспектор добил решение со кое компанијата ќе биде казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена, со напомена дека се работи за максимално времетраење на забрана за работа, предвидено со закон.

Хаваријата која предизвика испуштање на огромни количества на отпадна индустриска вода направи помор на риба по текот на Вардар на потегот од Ново Лисиче до Трубарево. Отпадните води од комплексот на некогашна „Железарница“ се влеваат во канализациониот систем кој води до реката Вардар.

Извор: МЕТА

Next Post

Рекорд: „Џокер“ заработи над 93 милиони во викендот по премиерата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk