ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Публикација на ИМА: „Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“

September 30, 2023 11:03
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

Со промотивен настан и панел-дискусија, Институтот за медиуми и аналитика ИМА во Скопје ја објави публикацијата „Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“.

Публикацијата донесува авторски анализи, во кои истакнати истражувачи со повеќегодишно искуство во медиумите и во професионалните медиумски организации изнесуваат наоди, примери, ставови и мислења за известувањето на медиумите, дезинформациите, медиумските манипулации и говорот на омраза поврзани со предложените уставни измени, кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Преку анализирање на начините на кои се одвиваше медиумското известување и јавната комуникација по ова прашање, четирите авторски анализи во публикацијата имаат за цел да ги детектираат главните наративи и модели на дезинформирање, медиумски манипулации и говор на омраза и да укажат на можните решенија кои би придонеле за намалување на штетите од поларизацијата на јавноста во дебатата за уставните измени.

Во анализата „Дезинформации, теории на заговор и медиумски манипулации за предложените уставни измени“ авторот Жарко Трајаноски  укажува на тоа дека дезинформациските наративи и манипулации кои беа препознаени за време на јавната дебата за „францускиот предлог“ во 2022 година, а и претходно за време на Преспанскиот договор, референдумот и уставните измени во 2018 и 2019 година, продолжија и во 2023 година во медиумската и јавната комуникација поврзана со уставните измени.

Преку конкретни примери, анализата на Трајаноски ги презентира главните наративи што содржеа дезинформации, теории на заговор и медиумски манипулации, меѓу кои се оние за „геноцид и етноцид“ врз македонскиот народ, „бугаризација“, дезинформациите во врска со македонскиот јазик, дезинформациите за почетокот, отворањето и продолжувањето на преговорите со ЕУ како и историските дезинформации кои беа неизбежен дел на медиумската и јавната комуникација и за уставните измени.

Во анализата „Уставните измени во алгоритамот дезинформации – омраза – поларизација“, авторот Зоран Бојаровски тргнува со хронологија на настаните и експлозијата на говорот на омраза за време на таканаречениот „француски предлог“ за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, чии карактеристики се пресликаа и во медиумското известување и јавната дебата за уставните измени.

Авторот укажува дека говорот на омраза беше силна „придружба“ на јавната дебатата и во оваа фаза – особено во епизодите „Протоколот“, „Бугарски клубови во Македонија“, „Утврдување на уставните амандмани од страна експертската група“ и во уште некои други. Анализа ги идентификува карактеристиките и елементите на говорот на омраза и како тие се пресликуваат во актуелниот комуникациски амбиент во земјата во контекст на предложените уставни измени.

Д-р Сефер Тахири во оваа публикација учествува со анализата со наслов „Медиумите на албански јазик: Уставните промени, неопходни за интеграција во ЕУ“. Од оваа анализа произлегува дека медиумите на албански јазик,  слично како и пред една година за „францускиот предлог“, имаа претежно афирмативно известување за предложените уставни измени кои се услов продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Тахири укажува дека иако известувањето било главно балансирано, со простор и за ставовите на владејачките и опозициските партии од албанскиот и македонскиот политички кампус, сепак во дел од медиумите провејувале критички тонови кон ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а големо внимание е посветено и на прашањето на уставниот третман на албанскиот јазик како „јазик кој го говорат 20 проценти од населението“, при што уставните измени се посочуваат како можност за промени и исправање на формулацијата која политичарите и медиумите на албански јазик ја сметаат како неправда.  Авторот се задржува и на случаите на сензационалистичко известување, користење верски вокабулар, како и на медиумските содржини со дезинформации.

Дел од оваа публикација е и анализата на авторот Петрит Сарачини „Уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи: Силна поларизација и омраза, слаба онлајн модерација, малку истражувања и претставки до саморегулаторните тела“. Во неа се анализира  медиумското известување за уставните измени и силната поларизација и говор на омраза што ги предизвикуваа оваа тема во јавноста но особено на социјалните мрежи, преку ставовите на неколку професионални медиумски организации.

Во изнесените ставови преовладува мислењето дека темата на уставните измени предизвикува видлива поларизација на јавноста, но од друга страна видлив е и недостатокот на посеопфатни и професионални медиумски истражувања на ова прашање, за кое и саморегулаторните тела истакнуваат дека имаат малку претставки во однос на прекршување на етичките правила во медиумското известување. Исто така, се истакнува дека малку медиуми ги модерираат коментарите на нивните постови на социјалните мрежи, а за говорот на омраза организациите посочуваат дека треба да има поконсолидиран и покоординиран одговор од страна на институциите.

Публикацијата е дел од активностите на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, поддржани од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy) од Брисел, и е придонес за остварување на заложбите на ИМА за унапредување на слободата на медиумите, справување со дезинформациите и говорот на омраза, развој на критичкото мислење и дебата, и потрагата по решенија за справување со овие важни предизвици.

Публикацијата може да се пронајде на следниов линк:

Уставните измени во медиумите дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)

Извор: СМК

Tags: ИМАуставни измени
Next Post

Заев: 30 септември 2018 година е важен ден во современиот развој на Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk