Активистот за човекови права и експерт за медиуми Петрит Сарачини денеска на својот фејсбук-профил реагираше на објавата на „ботови и ФБ страници блиски до ‘Левица’“, со која е реактуелизирана кампањата против хомофобијата и трансфобијата стара повеќе од 10 години, и каде тој се појавува на билборд заедно со Богдан Илиевски и Дарко Лешоски.
Сарачини го цитира статутот на „Левица“, член 5, во кој меѓу целите и задачите на партијата е да „врши следење на појавите на фашизам, национал-шовинизам, расизам, [нео]нацизам, шовинизам, сексизам, ксенофобија, хомофобија и трансфобија, како и да го спречува нивното ширење;“, со што им порачува да им го објаснат на своите членови и симпатизери овој дел од нивниот Статут, а на јавноста да ѝ објаснат како се борат против овие појави.