Најмалку 25 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал.
Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност, јави Ал Џезира.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа пламен како издигнува од градската управа за безбедност рано изутрринава, и се чини дека главната фасада на зградата се урна.
Неколку десетици амбулантни возила и пожарникари се на терен, а на пат се и два воени авиони, јавија државните медиуми.
حريق ضخم يلتهم مديرية أمن الاسماعيلية
يارب سلم pic.twitter.com/DnW5IEVPOW— mohamed el kholy (@MElKholy) October 2, 2023