ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден: Хамас и Путин се различни закани, но заедничко им е тоа што сакаат целосно да ја уништат демократијата

October 20, 2023 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа од Белата куќа, во вонредно обраќање до нацијата, побара од Американците поддршка за воената помош што САД планираат да ја доделат на Израел и Украина.

Честопати, актуелните светски случувања Бајден ги цени како „пресвртна точка“ во историјата, како борба меѓу светските демократии и диктатури. Молбата до Американците за поддршка синоќа тој ја oбразложи како „ова е еден од тие моменти“.  Тој рече дека Белата куќа денеска, на 20 октомври, ќе испрати барање до Конгресот за 60 милијарди долари нов пакет помош за Украина и помош за Израел од 10 милијарди.

Кажа дека како резултат на терористичкиот напад на Хамас во Израел биле убиени 1.300 лица, вклучително и 32 Американци, а десетици луѓе биле земени во заложништво.

-Терористичката група Хамас е вистинско зло, зло во најчистиот негов вид, истакна шефот на Белата куќа, додавајќи дека за време на неговата посета на Тел Авив, лично ја видел цврстата решеност на народот на Израел да се бори за своето право на постоење.

Притоа Бајден истакна дека палестинскиот народ исто така има „право на достоинство и на самоопределување“, и акциите на исламските терористи не треба да им го одземат правото на мирните Палестинци за тоа.

-Не можеме да ги игнорираме невините Палестинци кои сакаат да живеат во мир, истакна тој, и уште еднаш укажа за неповрзаноста на Израел во неодамнешната експлозија во дворот на болница во Газа.

Потоа тој се осврна на Украина и тоа дека „веќе 20 месеци украинскиот херојски народ води борба против агресијата на Путинова Русија“.

-Хамас и (рускиот претседател Владимир) Путин се различни закани, но имаат нешто заедничко. Тие сакаат целосно да ја уништат демократијата. Хамас си постави за цел да ја уништи државата Израел и еврејскиот народ… Истовремено Путин смета дека Украина никогаш немала право на постоење како суверена држава и го нема тоа право и сега. Буквално пред две недели тој истакна дека ако САД и сојузниците ја прекинат помошта за Украина, тогаш на Украина ѝ останува една недела постоење, рече Бајден.

Истакна дека Американците треба да знаат зошто западната помош е важна за украинскиот народ.

-Ние сакаме Израел и Украина да извојуваат побеаа во таа борба. Терористите треба скапо да платат. Ако диктаторите не платат за своите злосторства, тогаш тоа ќе доведе до уште повеќе уништување, изјави американскиот претседател.

-Благодарејќи на НАТО во Европа 75 години имаше мир. И ако Путин го нападне НАТО ние ќе направиме сѐ за да ги заштитиме нашите сојузници, вети тој.

Притоа додаде дека „не сакаме американската војска да се бори во Русија или против Русија. Америкаснкиот лидер укажа дека ако Запад и посебно САД престанат сега со помошта за Украина, тогаш „сите агресори ќе почуствуваат дека им се одврзуваат рацете“ и конфликтите можат да се рашират низ целиот свет, на пример во тихоокеанскиот регион, и посебно на Блискиот исток.

Американското лидерство ја поддржува безбедноста низ целиот свет, изјави Бајден.

-Ние треба да ја осигураме својата безбедност. Нашите вредности се важни само за нас, не смееме да ги оставаме на ризик. Не смееме да ја оставиме Украина, не смееме да го завртиме грбот нa Израел.

Бајден, исто така, ги повика сите Американци да се обединат во борбата против антисемитизмот и исламофобијата, што може да претставуваат закана за американското општество и американските вредности денес во позадина на случувањата на Блискиот исток.

Tags: БајденизраелУкраина
Next Post

Во Велика Британија за една недела уапсени над 1.600 осомничени дилери на дрога

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk