ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мировен самит ќе се одржи утре во Египет, но тешко ќе се постигне единство во врска со кризата во Газа

October 20, 2023 18:53
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Во Египет утре ќе се одржи самит за кризата во Газа во момент кога постојат стравувања од ширење на конфликтот на Блискиот исток, но отсуството на високи претставници на САД, главниот сојузник на Израел, и некои други лидери ги намалува очекувањата за тоа што може да се постигне таму.

Мировниот самит во Каиро ќе ги собере лидерите на неколку арапски и европски земји, заедно со бројни министри за надворешни работи.

Се одржува додека Израел се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе. Повеќе од 4.100 Палестинци се убиени во израелската контраофанзива која предизвика страшна хуманитарна криза во палестинската енклава.

Засега не се знае кој ќе ги претставува САД, Кина и Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак нема да дојдат во Каиро, а се уште не е официјално познато дали ќе учествува францускиот претседател Емануел Макрон.

Висок претставник на ЕУ рече дека се уште се разговара за конечната декларација, но се уште има разлики, па не е јасно дали ќе биде усвоена. Тој додаде дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, планираат да одат во Каиро, иако под знак прашалник е дали ќе стигнат таму на време, со оглед на тоа што и двајцата се во САД на самитот на ЕУ во Вашингтон.

Во последните денови, арапските земји изразија гнев поради израелското бомбардирање и опсада на Газа, каде живеат 2,3 милиони луѓе.

Во исто време, Египет сака да достави хуманитарна помош во Газа преку граничниот премин Рафа, единствениот што не е контролиран од Израел, но помошта се трупа само од египетска страна.

Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси во средата изјави дека Египќаните ќе се спротивстават на какво било принудно префрлање на Палестинците на Синај, бидејќи тоа ќе го претвори египетскиот полуостров во база за напади врз Израел.

Јорданскиот крал Абдула и Сиси во четвртокот го обвинија Израел дека „спроведува колективна казна“ со бомбардирање на Газа.

Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, велат дека сакаат да го збришат Хамас од лицето на Земјата, но очигледно немаат план како да владеат со палестинската енклава потоа, изјавија осум регионални и западни претставници запознаени со конфликтот.

– Некои советници на американскиот претседател Џо Бајден се загрижени дека Израел можеби ќе може да му го зададе последниот удар на Хамас, но стратегијата за излез допрва треба да се формулира, изјави извор од Вашингтон.

Список на официјални претставници кои досега потврдија учество на Самитот за мир во Каиро:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Јорданскиот крал Абдула

Бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Калифа

Кувајтскиот престолонаследник шеик Мешал ал-Ахмад ал-Сабах

Италијанската премиерка Џорџа Мелони

Шпанскиот премиер Педро Санчез

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Кипарскиот претседател Никос Христодулидес

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона

Јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава

Британскиот државен секретар за надворешни работи Џејмс Клеверли

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш

Извор: МИА

Tags: ГазаЕгипетмировен самит
Next Post
Фото: Алек Ризински

Гир: Земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да ги направат реформите кои се неопходни

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk