Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Р.А.(33), С.С.(23) и еден малолетник, сите тројца од Штип.
Како што известуваат од МВР, при извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол.
За случајот било известено Основно јавно обвинителство Штип, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.