РИБАРО
По долги перипетии, дискутирања и консултации, со моите блиски соработници, мој Викторе семоќен менторе, дојдовме до заклучок дека ТИ треба да бидеш шпицниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за премиер на Македонија, му соопштил Мицкоски вчера во Будимпешта на унгарскиот премиер Виктор Орбан, дознава АХА.
„Нашата партија и онака си е оригинална унгарска испостава. Вие сте му домаќин на нашиот Груевски. Данела е почесен унгарски конзул, сите вмронски медиуми ги финансирате директно вие, а јас нели без ваша дозвола и ука ни во теретана не одам. Рековте – Мицко како знаеш кочи го влезот на Македонија во ЕУ, мора да ги заебаваме Германците, Францизите и Американците, оти баќушка така сака. Јас еве послушав, така правам и уште си го држам народот во заложништво.
Вие речете – оп, јас – скок.
Башка, вие знаете колку мене не ме бива и колку многу сум исплашен дека ќе ги заебам и овие избори што доаѓаат. Се сеќавате како уцвикав – на минатите парламентарни избори не бев ни носител на листа. На претседателските за да не излезе некој партиски пулен поважен од мене нели трчавме со Силјановска, која иако сега поткрекнува, тогаш абер немаше за партијата. Потоа за локалните ја убацивме Данела. Тогаш се измив од евентуален партиски пораз, ама нели се заебав… Сега следно пак ми прпа да се соочам со народот, па дојдовме до генијална идеја и решивме да ти предложиме тебе Викторе Орбане да нè водиш до победа.“, рекол Мицкоски на средбата во Будимпешта.
Орбан внимателно ги разгледал писмените белешки што ги подготвиле вмровците, ги пофалил за „генијалната идеја“ и констатирал:
„Има две, односно, три работи да ви кажам во однос на ова:
Прво, мора да најдете решение како да бидам премиер истовремено на две држави.
Второ, мора да најдеме добра ментална институција која ќе ве згрижи на подолг период.
И трето, Грујо, ајде не се криј повеќе, излегувај од задврата, си замина фотографот.
Ајде сега сиктер сите тројца и да не ве видам да сте мрднале без мое знаење“, ги спашкал Орбан неговите пуленчиња: Мицкоски, Груевски и Николоски.
– И уште ова, тргнете ги тоа блажените фаци и вазални погледи друг пат кога ќе се фотографирате со мене, срамота е така милно да ме гледате. Почнаа да ме заебаваат низ европава, им порачал Орбан.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK