ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Калкулации околу датумот за одржување на парламентарните избори

October 26, 2023 15:44
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот брифинг со новинари на собранискиот спикер Талат Џафери, ги даде рамките по кои политичките партии би било пожелно да се раководат при одредување датум за одржување на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Според член 12 од Изборниот законик, актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите, а од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

Според член 14 од Изборниот законик, пак, изборот на претседател, се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, а во случај на престанок на мандатот на претседателот, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот

Што се однесува до изборот на пратениците, член 15 од Изборниот законик вели дека се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања.

На брифингот, Џафери ги посочи законските рокови за одржување на претседателски и парламентарни избори, апелирајќи одлуката политичките партии да ја донесат најдоцна до Нова година, особено за претседателските избори, за да не остане државата без претседател.

Но дали постои шанса за консензус и дали ќе се чека до крајниот рок за одредување датум? Дел од преговорите меѓу власта и опозицијата се и уставните измени. Иако Џафери вели дека по тоа прашање не е сменето ништо, сепак, уставните измени се користат како алатка за преговори, па и за натегање околу изборните датуми.

Бујар Османи им порача на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и дека така ќе добијат предвремени парламентарни избори кога сакаат, како одговор на повикот на Мицкоски за избори „на еден трошок“.

Понудата на Христијан Мицкоски во име на народот и неговата „грижа“, да не се оптовари буџетот, па „на еден трошок“ да се истераат и двата изборни циклуси, денеска ја повтори уште еднаш, констатирајќи дека е „глупаво“ да има одвоени изборни циклуси.

Премиерот Димитар Ковачевски, на постојните повикувања на Мицкоски и вчера одговори дека тој не отстапил од неговиот став дека изборите ќе бидат редовни, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои две години ги најавуваат предвремените избори на секои три месеци. Ковачевски изјави дека одлуката ќе се донесе на ниво на сите политички партии во Собранието.

Во меѓувреме, се очекува и консензуалност и одлука за тоа како ќе изгледа Изборниот законик, на чии измени работи Групата за изборни реформи иницирана од Министерството за правда. По која верзија на Изборен законик ќе се спроведат изборите, е одлука која треба да се донесе најдоцна 6 месеци пред распишување на изборите. Со оглед на тоа дека работата на Работната група не е завршена сѐ уште, измените ќе ги одминат претседателските избори, па и парламентарните, доколку се одржат на ист датум.

Најран датум за одржување парламентарни избори, кои се сметаат за редовни, а не предвремени, е 5 мај.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

Tags: ВМРО-ДПМНЕДимитар Ковачевскиизборни реформипарламентарни изборипретседателски избориСобрание
Next Post

Авион на Визер од Белград кон Базел пренасочен поради дојава за бомба

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk