Амбасадорката на Украина Лариса Дир преку објава на Х изрази искрена благодарност до нашата држава и до Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосевски и до Крум Ефремов за учеството на Северна Македонија на Третиот состанок во Малта кој се одржува во периодот 28-29 октомври.
Таа истакна дека реализацијата на Формулата за мир предложена од претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе помогне да се запре руската агресија.
Реализацијата на Формулата за мир предложена од @ZelenskyyUa,ќе помогне да се запре🇷🇺агресија.
Високо ја цениме постојаната поддршка и учеството на🇲🇰на Третиот состанок во Малта на 28-29 окт.
Искрена благодарност до Државниот секретар на @MFA_MKD Филип Тосевски и до Крум Ефремов! pic.twitter.com/J1yJcs2q8G— Larysa Dir (@dir_larysa) October 29, 2023
Марта Пешевска