ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Извештај: Северна Македонија со напредок во слободата на медиумите, иако не е кохерентен и донекаде е ограничен

October 30, 2023 18:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија во последниве години  континуирано постигнува напредок во однос на слободата на медиумите иако не е кохерентен и донекаде е ограничен, е главниот заклучок од Извештајот од Мисијата за проценка на состојбата со слободата на медиумите насловен „Слободата на медиумите во Северна Македонија: напредок на стаклени нозе“.

Во извештајот се дадени наодите и препораките што произлегуваат од меѓународната мисија за проценка на медиумската состојба во  земјава што се одржа од 5 до 7 јуни годинава во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Проценката на состојбата ја вршеа Европскиот центар за слободата на печатот и медиумите (ЕЦПМФ), Европската федерација на новинари (ЕФЈ),  Фри прес анлимитид (ФПУ),  Меѓународните институт за печат (ИПИ) и Обсерваторијата за Балкан и Кавказ Трансевропа (ОБЦТ) кои одржаа состаноци со носителите на одлуки во земјава релевантни за медиумскиот сектор.

Генералниот секретар на ЕФЈ Рикардо Гутиерез на денешниот настан во рамите на Деновите на медиумската писменост во Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) посочи дека во извештајот има позитивни наоди за работата на новинарите, но, како што рече, „постои простор во јавниот интерес во земјата што ги води јавните служби да донесат погрешни одлуки за вистинските работи“.

Нагласи дека политичарите не ги консултираат здруженијата на новинарите при носењето на одлуките и додаде дека треба да го прават тоа за да носат вистински решенија.

Во извештајот се посочува дека новинарите и натаму се соочуваат со тешкотии поврзани со нивната безбедност  и се загрижени за говорот на омраза и негативното етикетирање на новинарите и медиумските работници. Условите за работа, како што се истакнува и натаму остануваат  неприфатливо лоши за многу новинари не само во однос на нивната плата и работниот статус, туку и во однос на почитувањето на нивните работнички права. Медиумите се барат за опстанок  на мал и заситен пазар, каде, како што се нагласува“, „плурализмот е под закана поради непромислениот притисок за повторно воведување на државното рекламирање“.

Се препорачува да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постојните европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се засили надворешниот мониторинг врз судовите, да се подобрат работните услови за новинарите и да се подобри одговорноста на политичарите и јавните службеници за непријателските изјави и однесување кон новинарите и медиумските работници.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски порача дека сега е вистинското време да се дојде до вистински системски решенија. Во спротивно, како што кажа, многу лесно од 38. Место можеме повторно да се вратиме на 128. место по слободата на медиумите како што беше во 2015 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИзвештајнапредокСеверна Македонијаслобода на медиуми

НАЈНОВО

Интервју со Жанета Ќосе: Учениците не се клиенти, а училиштата не смеат да станат фирми, образованието има поширока општествена мисија

May 19, 2025

Младите не се проблем, туку шанса, да ја искористиме таа шанса, порачува Чупеска

May 19, 2025

Герасимовски: Отворен повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk