Благодарност до ТВ 24 за интересната дебата на вечерашната 24 Анализа. Во текот на разговорот со Сотир Костов, се обврзав да ги објавам јавните податоци за огромните суми пари кои тој ги има земено во времето на режимот. Тој тврдеше дека на неговата сметка не биле уплатени други средства освен платата која му следувала како претседател на Комитетот за истрага на авионски несреќи, напиша активистот Павле Богоевски на својот ФБ профил.
„Во коментари подоле се линковите од дебатата и од податоците. Станува збор за договорни услуги (и други ставки) кои биле доделувани надвор од платата. Овластување за исплати врз основа на договорни, оперативни и други услуги има само претседателот.
Тоа значи дека дотичниот (Сотир Костов) сам на себе си исплаќал огромни суми од парите на граѓаните, надвор од платата која му следувала за неговиот ангажман. Тоа им беше и тоа им е практиката.
Вдомување на екстремисти и радикалисти чија задача е само да сеат омраза, да ги штитат криминалците и да ја лажат јавноста. Упорно и се’ уште – напиша Богоевски и сподели линк. со исплатите на Костов.