Лидерот на босанските Срби Милорад Додик е во заблуда ако мисли дека може да ја подели Босна и Херцеговина, а изјавите во кои го најавува тоа се само доказ дека тој претставува закана за мирот и стабилноста не само во таа земја, туку и во целиот регион, предупреди денеска американската амбасада во Сараево.
За потсетување, Милорад Додик ексклузивно порача во интервју за хрватското списание „Национал“ дека нема да бара мислење ниту од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, ниту од претседателот Зоран Милановиќ, туку дека Хрватска ќе ја прифати новата реалност и дека најдобро би било за Хрватска да формира Херцег-Босна.
Амбасадата реагираше, нагласувајќи дека „реториката на Додик, како и антидејтонските акции и обидите за поткопување на државата Босна и Херцеговина“ се причина зошто е под санкции на САД.
„Не постои право според Уставот на БиХ да се отцепи ентитет или која било друга поддржавна единица. сакаат и заслужуваат. Заблудите на Додик се опасно отстапување од мирната, демократска и просперитетна иднина што ја посакуваат и ја заслужуваат граѓаните на Босна и Херцеговина, вклучително и оние кои живеат во РС“, се наведува во реакцијата на американската амбасада во Босна и Херцеговина.
Тие повторија дека САД секогаш го поддржувале и ќе продолжат да го поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на БиХ.
Додик во интервјуто рече дека Република Српска ќе признае 15 земји, дека Хрватска ќе се спротивстави на тоа, но дека на крајот „ќе ја прифати новата реалност“.
Г. Т.