ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на ЕК: Северна Македонија покажа високо ниво на посветеност за време на процесот на скрининг

November 8, 2023 13:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА.

– По првата Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година, аналитичкото испитување на правото на ЕУ (скринингот) напредуваше непречено. Северна Македонија активно се вклучи и покажа високо ниво на посветеност за време на процесот на скрининг. Извештајот за скрининг за Кластерот 1 – „Основи“ беше претставен на Советот во јули 2023 година, се наведува во документот.

ЕК посочува дека со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот 1, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Рамката за преговори, со со цел да се отвори првиот Кластер до крајот на оваа година.

Во Извештајот се наведува дека како земја која преговара со ЕУ, Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во Унијата, вклучително и во областите на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии и јавната набавка.

Во документот се посочува дека властите во земјава постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел, но некои чекори како измените во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво, предизвикаа сериозна загриженост. – Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмаленото справување со корупцијата, вклучително и преку истрага, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, се додава во документот.

Според ЕК, земјата продолжи целосно да се усогласува со сите одлуки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската агресија врз Украина, а придонесе и во справувањето со миграциските текови кон ЕУ преку соработка за реализација на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Tags: Европска комисијаЕУИзвештај
Next Post
Joe Maiorana / AP file

Застапниците на правата за абортус постигнаа низа победи во САД

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk