ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Маричиќ: Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не, слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена

November 17, 2023 15:16
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела, а правото на протест е сосема легитимно, особено кога новинарите се чувствуваат загрозено, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ е дециден дека слободата и демократијата за оваа Влада се апсолутни вредности и тука не може да се прават никакви компромиси.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со судската пресуда за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и денешните протести на новинарите поради овој случај, Маричиќ напомена дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи и околу тоа, како што потенцира, никој не треба да има дилеми. Тој порача, судиите кои судат вакви случаи, да бидат извонредно внимателни и да ги консултираат европските стандарди определени со случаите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со други стандарди во Поглавејто 23 за медиумските слободи.

Според вицепремиерот, ако новинарите оценат дека треба, Владата е подготвена да разговара и да донесе соодветни законски измени за тие да се чувствуваат позаштитено и за уште повеќе да се зајакнат медиумските слободи.

-Да немате дилеми дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи. Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Може да биде ограничена само под законски услови, по меѓународни стандарди од меѓународните конвенции кога се работи за говор на омраза или слично. Конкретната пресуда вие ја оценувате како скандалозна, но пресуда се укинува само со друга пресуда на повиок суд и може да се промени. Мој апел може само да биде до судиите кои судат вакви случаи, да бидат извонредно внимателни и да ги консултираат европските стандарди определени со случаите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со други стандарди во Поглавејто 23 за медиумските слободи. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела и мислам дека новинарската фела таа можност треба да ја искористи, да ја зајакне саморегулацијата заради заштита на сопствената професија. Така ќе помогне и на Владата, а Владата е целосно подготвена ако новинарите, нивните здруженија или генерално медиумската фела смета дека е потребна дополнителна законска измена за да се зајакне заштитата на новинарите и на медиумските слободи и за новинарите да се чувствуваат позаштитено, тоа да го слушне, да го разговара и да предложи такви соодветни законски измени, истакна Маричиќ.

Тој потсети дека во сите извештаи на Европската комисија се регистрирани активните напори на оваа Влада за подобрување на позицијата на новинарите, уважување и унапредување на медимските слободи, како и зајакнување на новинарската професија.

-Да не заборавиме дека во скоро време годинава беа усвоени измените на Кривичниот законик каде се зајакнува заштитата на новинарите од напади на говор на омраза, закани или други видови загрозувања, а направивме и измена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета каде за десет пати се намалија казните за навреда и за клевета. И лично сум работел на тоа како министер за правда и ги имам предложено двата закона, подвлече Маричиќ.

Според вицепремиерот, Владата се уште не заседавала, ниту заземала став за случајот ИРЛ. Сепак, тој е убеден дека и овој негов личен став произлегува, како што рече, од тоа што повеќе години оваа Влада го практикува и го мисли.  

Новинарите денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје одржаа протест поради пресудата за ИРЛ. Протестот го организираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Tags: борба за слободаМаричиќмедиуми
Next Post

Вицепремиерот Битиќи оствари средба со словенечкиот амбасадор Прескер

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk