ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костовски: Постар кадар за уште постари предрасуди

November 19, 2023 14:53
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Авторот стартува со реченицата „не би имало културна смисла да се рече дека именуваното трио (што ја води надворешната политика – Ковачевски, Османи, Маричиќ – н.з.) а не само тоа, ја дезинформира сопствената јавност или дека ги лаже своите граѓани, особено Македонците. Поприфатлива би била формулацијата дека нивните тврдења не се точни“. Ова треба да е некаков „попуст“ за споменатите и ним по ова секако ќе им олесни додека го читаат текстот понатаму“; пишува Љубомир Костовски, во анализата „Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?“, комнетирајќи го текстот на некогашниот генерален директор на НИП-от, Панде Колемишевски, во контекст на македонскиот јазик и индентитет во ЕУ.

Но, проблем има Колемишевски со својата задача. Најпрвин не може секако да го одбегне договорот со Фронтекс „Со тој договор, потпишан лани, а ратификуван годинава, е официјално дозволено дел од македонската граница да ја чуваат и странски полицајци за спречување масовни налети од мигранти. Тој не задира во ништо друго поврзано со односите Македонија – ЕУ. Несомнено дека македонската преговарачка страна вложи доста напори и се избори договорот да биде потпишан и на македонски јазик, без фусноти, покрај другите 24 официјални јазици на Унијата. За тој чин доби и честитки од странците. Меѓу нив и од францускиот претседател Макрон, кој подвлече дека со тоа ’се признава македонскиот јазик и целосно се почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет’. Но таа Макронова изјава е само дипломатска бела ракавица, официјално не значи ништо, нема општоевропска вредност“.

Ова е едноставно самовреднување на европските приоритети. Од кога Колемишевски проценува дека прашањето на мигрантите не е од битна важност?! Брзо се заборави онаа врвулица од милиони бегалци кои заминаа на Запад преку нашата земја од кои повеќе од еден милион ги прифати Германија. Заради тој факт една политичка големина како канцеларката Меркел падна на првите наредни изборти, земјата се сврте драматиочно во десно и така натаму. Брегзит во голема мерка е резултат на несолидарноста на Британија со Унијата во време на масовно преселување на народите од Истокот кон Западот!! А да ја споменеме Италија која мораше да прими милиони и милиони бегалци од Африка без голема солидарност од другите членки на ЕУ… Дали за тамошниот политички крем ова прашање не е важно? Германија, Британија, Италија… нели небитни земји со огромни проблеми, гледаат ли тие во тоа прашање таква баналност која не може да се види од страна на авторот на текстот. Па заради таа баналност ЕУ годишно дава по 4 милијарди евра на Турција за да го задржи бранот кој започна од Сирија ама потоа се прошири и на целиот арапски свет плус хималајскиот потконтинет. Какви политички и економски земјотреси се сопреа со постоењето на Фронтекст, додека македонската граница стана вистински фронт, место каде се чуваат вредностите и опстанокот на Унијата. Дури, од објетивни причини таа граница која објективно значи и жртвување на јужниот сосед кој се гуши во налетот на бегалците кои бегаат од Турција кон грчките острови. Не било нитно?! Дребно значење… Не ја одредувало битно позицијата меѓу Македонија и ЕУ?

Во поддршката за празната мисловна рамка на Шампитата во отпорот кон промената на Уставот Колемишевски наоѓа и нов аргумент онаму каде прашањето на македонскиот јазик и Унијата е токму најмалку наклонет кон опозицијата. Тој ја споменува донесената декларација во германскиот Бундестаг, со која се признаваат македонската култура, идентитет и јазик. „И таа има повеќе симболична, а помалку практична вредност. Тие се дел од картотеката на многубројните лицемерни изјави од високи претставници на ЕУ, како и дадените од разни амбасадори. Ваквите изјави се плацебо-пилули да си ја смират својата совест и да ги намалат болните чувства на загрижените Македонци. Во тој кош се и изјавите за јазикот на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лејен“.

Целата анализа на Костовски прочитајте ја ТУКА

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за Кочани: Да покажеме човечност и грижа

May 11, 2025

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk